Комплетно реновирано спортското игралиште на ОУ „Кочо Рацин“ – донација на Sport Life

Од:

Со донација на „Sport Life“, игралиштето во ОУ Кочо Рацин –Скопје, е комплетно реновирано во мултифункционално спортско игралиште, за спортови како: фудбал, одбојка, ракомет, а понатаму и за тенис.

Новото спортско игралиште е од отворен тип и ќе се користи како за потребите на училишната настава, така и за слободни активности на децата вон наставата.

„Особено сме среќни што овој проект се реализира успешно и што ќе овозможи децата да се рекреираат, спортуваат и притоа стекнуваат голем број вештини важни за нивниот психофизички развој. Наша заедничка цел е развој на спортот и здравјето на децата во нашето општество. Посакуваме да се користи што почесто и за разни настани во духот на спортот и спортскиот живот“- велат од Sport Life.

Од страна на училиштето „Кочо Рацин“, во името на целиот колектив, директорот Јовица Остоиќ, изрази голема благодарност за донацијата на „Sport Life“, истакнувајќи ја како пример за поттикнување на развојот на спортот во земјата, преку создавање на соодветни услови за спортување на децата уште во рана возраст.

Вкупната инвестиција за комплетно реновирање на спортското игралиште изнесуваше 1,5 милиони денари – донација од Sport Life.

ПР Текст

Би можело да ве интересира

Новогодишни пакетчиња од Спорт Лајф за децата од ранливите категории и за лицата со посебни потреби

Орце Костов

Пановски: Фирма која лаже граѓани за здравје треба да се затвори

Анита Петровска Рајковиќ

Си рекламирале чаеви лажно користејќи имиња на лекари – Кривична за фирма и директорот

Анита Петровска Рајковиќ

Фотографии од доктори се користат за лажни реклами: Лекарска комора бара итна реакција од МВР и Обвинителство

Орце Костов

„Sport Life“ го прослави успехот на своите вработени за 2022 година

Ана Ололовска

„Sport Life” во посета на лицата со попреченост и детскиот дом „11 Октомври“ во Скопје

Ана Ололовска