Комисијата за заштита од диксриминација ќе го презентира годишниот извештај

Од:

Комисијата за заштита од дискриминација денеска ќе го презентира годишниот извештај за 2017 година.

Целта на настанот, кој е финансиски поддржа Мисијата на ОБСЕ е информирање на јавноста за резултатите од работата на Комисијата во текот на минатата година, како и предизвиците со кои се соочува, односно приказ на приоритетите за во иднина.

Годишниот извештај содржи анализа на статистички податоци, презентација на конкретни случаи кои даваат јасна претстава за тоа кој е степенот на промена на состојбата од претходните години, како и посочување на стратегијата како да се постигне подобрување и напредок на полето на заштитата од дискриминација.

Во 2017 година до Комисијата за заштита од дискриминација се доставени 59 претставки за дискриминација, кои беа доставени од граѓани, правни лица, граѓански организации и други.

Најмногу претставки се поднесени поради дискриминација врз основ на пол и род (19 отсто).

Следни основи по бројност се: етничка припадност (18 отсто), политичка припадност (17 отсто), здравствена состојба (16 отсто), сексуална ориентација и родов идентитет (16 отсто), личен или општествен статус (16 отсто, возраст (8 отсто, социјално потекло (7 отсто) и образование (7 отсто).

Оваа година од вкупниот број на поднесени претставки најзастапена е областа работа и работни односи (41 отсто), потоа следат претставки паради дискриминација во областа на пристап до добра и услуги (25 отсто), медиуми и јавно информирање (22 отсто), 14 отсто во областа на образование, наука и спорт и 10 отсто во областа на социјалната сигурност, вклучувајќи го и подрачјето на социјалната заштита, пензиско и инвалидско осигурување, здравствено осигурување и здравствена заштита.

Во текот на 2017 година Комисијата за заштита од дискриминација донесе 84 мислења, од кои во 19 случаи утврди дискриминација и на дискриминаторите им даде препорака за отстранување на истата, а во 29 мислења е утврдено дека нема дискриминација.

Комисијата не постапи по 31 претставки поради немање надлежност, една претставка е спогодбено решена, а во четири случаи Комисијата ја запре постапката.

Би можело да ве интересира

„Министерката ми се закани дека ќе ме избрка“: Советничка во МОН била вознемирувана од Шаќири и Царовска

A1on

Се вселила во стан во Скопје, соседите ја избркале по еден ден оти била Ромка

A1on

Ѓорѓи Трендафилов: Македонија е дискриминаторска земја не само во однос на етничкото потекло

A1on

Комисијата за заштита и спречување дискриминација можно уште денеска да ја разгледа наводната согласност на Владата кон „Бехтел и Енка“ за поголема работна недела

Ана Ололовска

Комисијата за заштита од дискриминација со препорака за Акциски план за унапредување на правата на осуденичките

Ана Ололовска

Татко спречен да го придружува своето дете: Детска клиника дискриминира, вујна и баба можат оти се женски пол

A1on