Комисијата за заразни болести соопшти дека ја разгледала информацијата за воведување на PCR тестови за граѓаните од ризичните земји кои транзитираат низ Македонија, при што било одлучено дека нема потреба од воведување какви било други мерки на граничните премини, вклучително и за вакви тестови.
„Засега Комисијата продолжува будно да ја следи ситуацијата и доколку се утврди дека има потреба, не се исклучени дополнителни мерки. Со постојните мерки, граѓаните кои транзитираат низ земјава потпишуваат изјава дека за 3 часа ќе ја напуштат земјата и не претставуваат опасност за ширење на коронавирусот во нашата земја,“ велат од Комисијата за заразни болести.
Ставот на Комисијата доаѓа откако оваа недела авион со 24 патници, од кои според здравствените власти, мнозинството транзитирале низ земјава, беа тестирани позитивни за коронавирусот на аеродромот во Турку, Финска.