Заложбите и очекувата од новата Комисија за спречување и заштита од дискриминација се таа да биде силен мехенизам за штитење и унапредување на еднаквоста и човековите права на граѓаните, но наместо да се фокусира на исполнување на својот мандат – работа по претстапки од граѓани за конкретни случаи на дискриминација, првите три месеци ги поминала во институционално воспоставување. Комисијата од мај конечно почнува да се вселува во нови проистории, а се уште чека донесувње на систематизација за да може да почне со набавка на потребната опрема.
Комисијата досега одржала 12 седници, од кои на последната биле распределени предмети и формирана дата-база, со што можели да се почне работа по конкретни постапки.
Ова беше порачано на денешната онлајн-конференција „Зајакнување на улогата на КСЗД во промоцијата и заштитата на човековите права“, организирана во рамки на проектот „Мрежа за заштита од дискриминација: Здружена акција за унапредување на еднаквоста и социјалната правда на маргинализираните заедници“, поддржан од Фондација Отворено општество – Македонија.
Претседателка на Комисија за спречување и заштита од дискриминација Весна Бендевска, порача дека нивниот пристап како новосоздадена институција е цврст, темелен и сериозен.
– Затоа одлучивме да одиме, можеби по потешкиот пат, но со цел да гарантираме сериозно добри и квалитетни акти, врз кои ќе се темели оваа Комисија. Не само во својот прв состав, туку и во сите идни состави, изјави Бендевска.
Кире Василев, од Комисија за спречување и заштита од дискриминација, посочи дека Комисијата досега одржала 11 седници во Клубот на пратеници, а само последната 12-та е одржана вчера во новите простории – поранешните канцеларии на Државната комисија за спречување на корупцијата.
– Вчера ја одржавме 12-тата седница, каде главна точка беше распределба на предметите. Секој доби по 14 предмети. Ја формиравме дата-базата и сега сме во тек на разгледување на предметите. Покрај предметите, започнавме и со пишување на мислења, од кои две се веќе објавени, изјави Василев.
Со решение од Влада, посочи тој, ги добивме поранешните канцеларии на ДКСК, каде од мај ќе можеме да се вселиме.
– Ни требаат компјутери и опрема, што се предвидени со буџетот, но тој не е фукнционален се додека не ја поминеме првата систематизација – за да направиме јавна набавка мора да биде од вработените, изјави Василев.
Во процес, веќе е мини систематизација за 13 работни места – сите со преземање од јавната администраицја, за кои се чека согласнот од нивните претпоставени.
– Со наредниот буџет за 2022 година очекуваме да отвориме јавен оглас, со кој се надеваме дека ќе привлечеме правници кои ќе работат на предметите, што е суштинската улога на нашата функција, порача Василев.
Сите предизвици со кои се соочуваат, според Василев, произлегуваат од недостатоците на Законот, кои не биле предвидени при носењето на законското решение.
Генералната секретарка на Собранието на РСМ Цветанка Иванова, изрази уверување дека Комисијата ќе остави свој траг во ова наше, како што рече, се уште стереотипно општетсво.
– Собранието го донесе Законот за антидискриминација и пристапи кон избор на членови, согласно процедурата. Претходно донесе буџет за работа на Комисијата и создаде услови за старт и почеток на комисијата. Но, покасно се соочивме дека во Законот има доста празнини и недоречености, кои не дадоа можност комисијата веднаш, со самиот избор да почне ефикасно да работи, рече Иванова.
Комисијата, посочи таа, во Собранието би требало да има значен партнер во постојаните надзорни тела, особено во матичната Комисија за труд и социјална политика, анкетната комисија за заштита на човекови права, како и Комисијата за еднакви можности во Собранието.
– Мислам дека се создадени услови за работа. Има доста пропусти и мислам дека треба заедно да помогнеме да се излезе од овие слабости и Комисијата да почне да функционира и биде видлива. Само така, би можеле да направиме Комисија во која граѓаните ќе веруваат во борбата против дискриминацијата, порача Иванова.
Пратеничката, претседателка на собраниската Комисија за еднакви можности Гордана Силјановска, порача дека собраниската Комисија за труд и социјална политика не е најдобар избор за матично тело за овој Закон, туку дека тоа треба да биде собраниската Комисија за еднаквост на жените и мажите.
– На новоформираната комисија ќе треба да гледаме како на ДКСК, односно нејзините препораки да ги примаме како оние од Антикорупцонерите и од Народниот правобранител, порача Силјановска.
Очекува, посочи таа, европските норми во Законот за заштита од дискриминација постепено да станат реалност.
– Тоа не зависи само од Комисијата, туку и од тие со кои треба да соработува. Треба веднаш да се активира постојаната Анкетна комисија за заштита на човековите слободи и права. Се надевам и дека Комисијата ќе држи должна дистанца од партиите и центрите на моќ. Очекувам независност и посветеност на заштитатта на најмаргинализираниет групи, рече Давковска.
Според Стојан Мишев, од Здружение ЕСЕ- Мрежа за заштита од дискриминација, порача дека како мрежа сметаат дека, државата треба да покаже и демонстрира волја и да обезбеди повеќе буџетски средства за непречена работа на Комисијата.
Членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација се Игор Јадровски, дипломиран правник со положен правосуден испит од Скопје, Неда Чаловска Димовска, дипломиран правник од Скопје, Лимко Бејзароски, политиколог и доктор по историски науки од
село Пласница, општина Пласница, Ирфан Деари, лекар специјалист од село Боговиње, кои се со мандат од пет години, додека м-р Кире Василев политиколог од Битола, Исмаил Камбери, магистер по правни науки, и Весна Бендевска, психолог од Битола, се избрани со мандат од три години.
Законот за спречување и заштита од дискриминација, во речиси идентична форма во која беше усвоен во претходниот парламентарен состав, а беше укинат во мај минатата година од Уставниот суд поради донесувањето без потребното мнозинство од 61 пратеник, беше усвоен повторно кон крајот на октомври.
Со Законот се забранува секоја дискриминација врз основа на раса, боја на кожа, потекло национална или етничка припадност, пол, род, сексуална ориентација, родов идентитет, припадност на маргинализирана група, јазик, државјанство, социјално потекло, образование, религија или верско уверување, политичко уверување, друго уверување, попреченост, возраст, семејна или брачна состојба, имотен статус, здравствена состојба, лично својство и општествен статус или која било друга основа.