Комисија за спречување дискриминација: ДИК извршила директна продолжена дискриминација врз лицата со физичка попреченост

Од:

Постапувајќи по службена должност, а по допрен глас, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврди директна продолжена дискриминација врз основа на попреченост во учество во јавен и политички живот од страна на ДИК врз лицата со физичка попреченост, информираат од КСЗД.

„Дискриминацијата настанува поради непристапноста за лица со физичка попреченост до подрачната канцеларија на ДИК во општина Карпош. Оваа канцеларија е местото каде што лицата кои живеат во општините Карпош, Ѓорче Петров и Сарај ги депонираат потписите за поддршка на независни кандидати за членови на советите на општините или граѓаните.

КСЗД изврши увид во просториите на подрачната канцеларија и констатираше дека, освен за лицата со физичка попреченост, пристапот до оваа канцеларија е отежнат и за повозрасни и лица со нарушено здравје.

КСЗД донесе општа препорака со која на ДИК му се препорачува да ги преземе сите потребни вонредни дејствија во насока на обезбедување на правото на лицата со физичка попреченост да можат по сопствен избор да поддржат некоја од независните кандидатски листи за претстојните локални избори. Имајќи ги предвид кратките рокови за собирање на потписите КСЗД го повикува ДИК да постапи по оваа општа препорака во најкус можен рок“, се наведува во соопштението на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

Би можело да ве интересира

„Министерката ми се закани дека ќе ме избрка“: Советничка во МОН била вознемирувана од Шаќири и Царовска

Орце Костов

Се вселила во стан во Скопје, соседите ја избркале по еден ден оти била Ромка

Орце Костов

Ѓорѓи Трендафилов: Македонија е дискриминаторска земја не само во однос на етничкото потекло

Орце Костов

Комисијата за заштита и спречување дискриминација можно уште денеска да ја разгледа наводната согласност на Владата кон „Бехтел и Енка“ за поголема работна недела

Ана Ололовска

Комисијата за заштита од дискриминација со препорака за Акциски план за унапредување на правата на осуденичките

Ана Ололовска

Татко спречен да го придружува своето дете: Детска клиника дискриминира, вујна и баба можат оти се женски пол

Орце Костов