Командирот на кој му избега убиецот, бил избркан за поткуп, а Спасовски го вратил е близок до СДСМ тврди ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Командирот на смена во Идризово кој е одговорен за проценка на ризик при транспорт на затвореници дента кога се пренесувал убиецот кој избега, а притоа повреди полицајци е човек близок до СДС тврди ВМРО-ДПМНЕ.

– Командирот Димитријевски е поставен од Спасовски, и истиот е задолжен за проценката на ризик, тој можел да побара асистенција од МВР, што е пракса кога постои зголемен ризик од бегство. Зошто не побарал треба да одговори и самиот Спасовски кој го враќа во МВР и унапредува. За каков криминалец, ако не за осуденик за убиство постои зголемен ризик од бегство велат од опозициската партија во соопштение.

Според ВМРО-ДПМНЕ, Срѓан Поп Димитријевски не ја крие својата поддршка за СДС, па како што тврдат јавно на својот фејсбук профил објавува содржини со наслови „да живее СДС“.

– Според нашите информации, Командирот на смена во чија смена се случило бегството пред неколку години бил избркан од МВР, како последица на учество во криминални дејствија, информациите говорат дека тој бил фатен на дело во ПС Бит Пазар при кривично дело Поткуп по што бил избркан од работа. Со доаѓањето на Спасовски тој го враќа и го поставува на командирска позиција во Идризово. Дали Спасовски го вратил на работа за во иднина тој истиот да може да ги повтори делата или да направи нови од полза на СДС? Спасовски е одговорен за бегството на затвореникот убиец. Тој не само што е министер во МВР, туку е и министерот кој го вратил командирот Димитријевски на работа по извршен криминал, и го поставил на командирска позиција. Спасовски не може да бега од одговорност се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања