Командантот на специјалната единица „Алфи“, Ивица Антевски – Пуки и уште петмина осомничени припадници на истата единица кои го апсеа лидерот на „Обединети за Македонија“, Љубе Бошкоски, денеска се повторно на распит во Основниот суд Скопје 1.
Пред една недека се одложи распитот бидејќи шестмината осомничени во случајот „Тортура“ за кои Специјалното јавно обвинителство побара да им бидат определени мерки за претпазливост, побараа дополнително време за увид во предметот.
Основниот суд Скопје 1, тогаш излезе со соопштение дека увидот во предметот не им бил овозможен во Специјалното јавно обвинителство, но судијата на претходна постапка го дозволил.
Во Основниот суд пред една една недела дојде Антевски – Пуки и уште двајца осомничени, а останатите тројца не дојдоа воопшто во Судот.
Тие се товарат за нечовечко постапување при апсењето на Бошкоски. Првоосмничен во овој случај, кој го отвори СЈО, е поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, но за него Обвинителството не побара притвор, ниту мерки за претпазливост.