Кој ќе биде амнестиран за „Крвавиот четврток“?

Од:

На собраниската седница во понеделник нема да се разгледува Законот за амнестија. Текстот е подготвен, но треба да биде разгледан и одобрен од партиските органи но и од правни експерти.

Од кривично гонење ќе бидат ослободени лицата инволвирани во настаните на 27 април, но не и оние кои се веќе осудени, оние кои извршиле насилство и употребиле физичка сила, лицата кои со фантомки влегоа во Законодавниот дом и оние кои го организирале и спровеле „Крвавиот четврток“, како и оние со командна одговорност за вршење службени овластувања за крвивичното дело-терористичко загрозување на уставниот поредок.

Премиерот Зоран Заев вели дека казни ќе има, но ќе се знае што е судска, а што политичка одлука. Тој нагласува дека со ова решение, власта нема да се меша во работата на судството.

Обвинителката Вилма Рускоска по последното рочиште изјави дека не размислува за преквалификација на кривичните дела кои им се ставени на товар на 33 обвинети.

ВМРО ДПМНЕ го чекаат текстот на законот, но нивниот став е непроменет, дека селективната правда не е правда.

За носење на Законот за амнестија потребни се 61 пратенички глас и потпис од претседателот Ѓорге Иванов.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година

Милошоски: Измени на Кривичниот законик за намалување на ризиците поврзани со членството во СЕПА

(ВИДЕО) Опозицијата го критикува вториот ребаланс на Буџетот: Висок дефицит и намалени капитални инвестиции

Законот за јавни набавки повторно во Собранието, поднесени 2.158 амандмани

Катерина Ѓуровски

За измените на Законот за јавни набавки поднесени 2.158 амандмани, ВМРО-ДПМНЕ бара бришење на членот оспорен од претседателката Сиљановска Давкова

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска