Кога денот на две телевизии почнува со Сорос

Од:

На две национални телевизии во утринската програма истовремено иста тема-Сорос. Колку ли плаќал ширум Европа за протести, колкаво и какво влијание имал Сорос во македонската политика, беа прашањата на Утринските програми. Темите и прашањата исти со оние што упорно ги наметнува ВМРО-ДПМНЕ.

„Случајните“ гледачи, со исклучоци кои не биле планирани, ги повторуваа обвинувањата за тоа колку Сорос влијае на македонската политика, исти со тие на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ.

Немаше прашање како Сорос стана закана и влијае во последниве години, ане бил опасен кога сегашни функционери на ВМРО-ДПМНЕ биле ангажирани и работеле во Фондацијата, користеле средства и биле членови на Управниот одбор.

Колку е случајно што Македонија е меѓу последните на скалата на земји по слобода на медиумите, уште од утрото се познава, во Утринската програма.

Би можело да ве интересира

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

(ВИДЕО) Лавров исфрли новинар од салата: „Ако не го предадете телефонот, ќе го извадат оружјето“

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми се столб на демократијата

ВИДЕО: Слободата на медумите во Македонија е во пад, состојбата сега е „проблематична“

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“