Кочан e во болница, бара ново одлагање на казната

Од:

Кривичниот суд потврди дека добиле ново барање од бизнисменот Сеад Кочан за одлагање на затворската казна.

„А1 он“ дознава дека Кочан е сместен во приватна скопска клиника поради кардиоваскуларни проблеми. Нема информација дали полицијата го обeзбедува Кочан во приватната болница.

„Доставено е ново барање за одлагање на издржувањето на казната затвор по кое барање судот веднаш се обрати до приватната клиника каде е хоспитализиран осудениот за добивање на целокупната документација поврзана со барањето“, соопшти скопска единица.

Утрово во 8 часот Управата на затворот во Идризово повторно го известила судијата за извршување санкции во Кривичниот суд во Скопје дека осудениот бизнисмен Сеад Кочан ниту синоќа не се појавил на издржување на затворската казна за случајот „Труст“, потврди за „А1он“, директорот на затворот, Боби Мојсовски.

Судијата за санкции дополително ќе одлучи дали барањето ќе биде разгледано и за него ќе се одлучува или ќе го отфрли.

Би можело да ве интересира

Убиена 46-годишна жена во Кочани, пред својата куќа – убиецот и нанел 40 убоди со нож

Анита Петровска Рајковиќ

Министерството за правда одлучи оваа година да не предложи листа за новогодишни помилувања

А1он

„Идризово“ бара казната на Сеад Кочан да се намали за шест месеци, Маричиќ размислува пред да го прати предлогот до Пендаровски

Кристијан Ландов

Кочан може да излезе од затвор две години порано, ако Пендаровски реши да му скрати половина од казната

Врховен му ја потврди 4,8-годишната казна на Сеад Кочан за „Труст“

Кристијан Ландов

Алфите го однесоа Кочан во Идризово

Васко Маглешов