Ќе се засилуваат инспекциите и надзорот на спомениците на плоштад

Од:

Засилени инспекции и контроли на спомениците, најавуваат од Град Скопје по демолирањето на ознаките и таблите поставени вчера на мермерните фонтани со скулптурите на Александар Македонски, Олимпија и Филип Втори. Оштетените делови на спомениците ќе бидат санирани, а ознаките ќе бидат повторно поставени онаму каде што се отстранети.

„Поради зачестената појава на оштетување, Град Скопје во рамките на своите надлежности во наредниот период ќе го засили надзорот врз спомениците, а истите ќе бидат и под засилени инспекциски контроли. Истовремено, апелираме до граѓаните да не ги оштетуваат спомениците“, велат од Град Скопје.

Од Град Скопје додаваат дека спомениците се оштетени од непознати сторители и од тие причини не може да бидат изречени казни.

Ознаките на античките споменици на плоштад беа отстранети во текот на ноќта, а беа поставени согласно договорот од Преспа.

„Во чест на Александар Велики, историска фигура која припаѓа на античката хеленска историја и цивилизација и на светското културно и историско наследство. Овде е претставен како воин на коњ“, пишува на таблата под споменикот, а слични написи на македонски, албански и англиски јазик има и на спомениците на Олимпија и Филип Втори.

Претходно, градските служби го извадија симболот на сонцето од Вергина од шахтите, по налог на Владата, која на седница одлучи дека согласно договорот со Грција, локалните власти треба да го отстранат овој симбол од сите јавни површини.

Би можело да ве интересира

Петмина ќе одговараат за перење пари за спомениците за Скопје 2014

A1on

Тодоровиќ потпишувал и група од 15 лица переле пари преку Италија – со Воинот на коњ, лавовите проневериле над 16 милиони евра

Анита Петровска Рајковиќ

Уништени таблите на кои пишуваше дека Филип и Аминта се Хелени

Искра Манојлоска

Меѓународен ден на спомениците и локалитети – 18 Април

Ана Ололовска

Хрватски новинар: Скопје е џунгла – раскопани улици, некултурни таксисти, блокиран сообраќај, распаднати болници и училишта

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Александар Велики, Олимпија и Филип Втори добија ознаки од грчката историја

Галена Николовска-Ризвановиќ