СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ преку законски измени до амнестија и за дел од обвинетите од СЈО?

Од:

Власта и опозицијата повторно договараат менување на Кривичниот законик, во делот кој ја регулира злоупотребата на службената положба преку јавните набавки, дознава „Макфакс“ од партиски извори.

Проценките се дека со ова ќе се создаде можност да се протне амнестија низ мала врата, односно дека ќе се отвори можноста десетици обвинети или осомничени во предмети на специјалното јавно обвинителство да се спасат од одговорност или евентуално да добијат пониски казни.

Според членот 353 став 5 од Кривичниот законик меѓудругите се осомничени и Елизабета Канческа Милевска за случајот „Тендери“, Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, Тони Јакимовски, Сашо Миајлков, Горан Грујевски, Небојша Стајковиќ и Тони Јакимовски во „Трезор“, Владимир Пешевски и Миле Јанакиески во „Траекторија“.

Според нашите извори, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ги договараат законските измени како дел од целиот процес на „помирување“, во време кога најголемите предмети на СЈО се однесуваат токму на злоупотреба на службата при вршење јавни набавки.

Летоска за време на лидерската средба, медиумите објавуваа дека опозицијата барала намалување на затворските казни за делото злоупотреба на службената положба, што беше протолкувано како можност да застарат делата против дел од обивнетите од СЈО. Од опозицијата објаснуваа дека измените се предлагаат со цел да се се прецизира делото за да нема прешироко толкување и недоречености.

Но, оттогаш на политичката сцена се случија многу турбуленции, па очигледно дека прашањето повторно се актуелизира во политичката јавност со цел да се постигне „помирување“.

Пратеници за „Макфакс“ потврдија дека наскоро на дневен ред ќе се најдат измените во Кривичниот законик, но велат дека тоа ќе се прав за да се воспостави разлика меѓу прибавување политички поени и стекнување финансиска корист.

„И претходно имаше иницијативи за промена на Кривичниот законик, но имаше бурни реакции од јавноста бидејќи доколку беше донесен, ќе паднеа обвиненија на СЈО. Мора да се направи разлика, доколку некој со распишување одреден тендер сака да собере политички поени или пак да се стекне со финансиска корист. Ако не се смени тој член, секој функционер во иднина ќе имаат страв да распишат тендер, бидејќи можат да бидат обвинети дека со тендерот сакаат да се стекнат со политички поени“, вели пратеник кој е запознаен со новата иницијатива за која се сложни и власта и опозицијата.

Сепак, меѓу правниците постои страв дека отворањето на Кривичниот законик и членот кој ја регулира злоупотребата на службата преку јавните набавки се прави со цел да се намали одговорноста кај обвинетите во предметите на СЈО, како и во случаите кои се во истрага.

Токму овој член од КЗ се наоѓа и пред Уставниот суд, каде е отворен предмет за оценување на уставноста. Иницијативата во септември ја поднесе адвокатот Еленко Миланов, кој брани повеќе обвинети во предметите на СЈО. Оспорени се два конкретни членови од законските измени на КЗ од 2004 и 2009. Со првите измени се воведува ставот 5 во членот 353 а со вторите измени се зголемува затворската казна од најмалку 4 години на најмалку 5 години затвор.

Мери Јордановска

Би можело да ве интересира

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото

Таткото на Вања бара да биде пуштен од притвор – Фетаи е против, Апелација одлучува

Отворена стечајна постапка за поранешно Фени: На работниците им должи 2,18 милиони евра за плати

Орце Костов

Нино Васев не смее да оди на работа во Онкологија – судот ги прифати мерките од обвинителство

Ѓорѓе Давид не ја напуштил Македонија: Утрово се јавил во кумановскиот суд поради мерката за претпазливост

Судски совет утре ќе одлучува да за враќање на Шабани во Кривичен суд до завршување на „Талир“ и „Титаник“

А1он