Ќе се прегласува на избирачко место во Гостивар

Од:

ДИК на денешната седница прифати еден приговор на движењето БЕСА, кој се однесуваше на гласањето во шестата изборна единица во Гостивар.

Според информациите на а1он, ова влијае на крајниот резултат и затоа на 25.декември ќе се прегласува на едно избирачко место.На ова избирачко место се запишани скоро 900 гласачи, а во неделата своето право на глас го искористиле 450.Разликата во шестката е 306 гласа, што значи прегласувањето може да влијае на резултатот.

Спорно за ова избирачко место , според БЕСА беше тоа што Фатиме Сулејмани кога дошла на изборното место видела дека некој веќе го искористил нејзиното право на глас. Во ДИК беа повикани на сослушување претседателот и членовите на изборната комисија, како и самата Сулејмани, по што беше донесена одлука да се изврши графолошко вештачење на потписот. Графологот, избран со жребување, утврди дека нејзиниот потпис бил фалисфикуван.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот премиер распиша предвремени парламентарни избори

А1он

Објавени првите резултати од изборите во БиХ и Република Српска: Кој води?

Поплава во зградата на поранешна „Нова Македонија“, без струја ДИК и МОН

Катерина Ѓуровски

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ