Со 12 гласа „за“, советот на општина Центар, одлучи да се распише референдум на кој граѓаните ќе одлучат на изгледот на ГТЦ.
За оваа одлука гласаа советниците од коалицијата на СДСМ, додека 11-те советници на ВМРО-ДПМНЕ гласаа воздржано.
За време на седницата, градоначалникот Жерновски, предложи амандман со кој што се менува референдумското прашање, односно тоа ќе гласи „Дали сте за тоа да се задржи автентичниот изглед на ГТЦ“.
Маја Васева