Ќе се наплаќа паркинг во центарот на Кочани

Од:

Советот на општина Кочани на денешната 20 седница одлучи да се наплаќа паркинг во централното градско подрачје. Цената за паркирање од 10 денари на час останува, а се намалува само просторот каде ќе се наплаќа за паркирање, од првобитните десетина локации понудени во предлог-програмата.

– Со паркиралиштата за првите три месеци, додека трае пробниот период, ќе стопанисува КЈП „Водовод“. За паркирање ќе се плаќа само таму каде општината смета дека се најфреквентните места во градот и каде паркирањето пречи во одвивањето на нормалниот сообраќај, изјави Јордан Димитров, претседател на Советот на општина Кочани.

Со првобитната одлука беше определено да се наплаќа за паркирање на потегот од двете страни на Кочанска река, од зградата на општината до Поштата и населбата Стришани и тоа да го прави приватна фирма со јавно-приватно партнерство.

На седницата не беа прифатени сугестиите од опозицијата за собирање потписи од граѓаните за плаќање на паркинг простор.

Би можело да ве интересира

Баран во Македонија за 12,5 години затвор, таткото на Ива Михаилова зборуваше на бугарска ТВ

Горан Наумовски

ВИДЕО:Тепачка пред полициската станица во Кочани, четворица приведени

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Судење за Пулс: Обвинителството изнесе докази за пропусти во годишните програми за надзор на ДЗС во Кочани

Во Кочани нов Марш за ангелите – „Не забораваме, не отстапуваме и продолжуваме“

А1он

42-годишен маж од Кочани загина во сообраќајка

Горан Наумовски