Ќе се менуваат стандардите за исхрана во градинките

Од:

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, денеска одржа online состанок на кој се разговараше за унапредување и подобрување на исхраната на децата во градинките. На состанокот присуствуваа претставници на Данската администрација за ветеринарство и храна, претставници на Ново Нордиск, претставници на УНИЦЕФ и сопругата на Претседателот на Република Македонија, Елизабета Ѓоргиевска.

На иницијатива на Министерството за труд и социјална политика, а во насока на правилен раст и развој кај децата, започнат е процесот на ревидирање на Правилникот за нормативи и стандарди за исхрана во градинките. Овој процес се одвива во соработка со компанијата Ново Нордиск, а истиот е поддржан од УНИЦЕФ.

Целта на денешниот состанок беше Данската администрација да го сподели своето искуство и водичот за поздрава храна во градинките (Guide til sundere mad i daginstitutionen) кој е направен врз основа на Официјалните упатства за исхрана – добро за здравјето и климата (The Official Dietary Guidelines – good for health and climate), а благодарение на Ново Нордиск, водичот е достапен на македонски јазик.

„Во процесот на ревидирање на Правилникот за нормативи и стандарди за исхрана во градинките вклучени се експерти, секој во својата област и придонесот што ќе го дадат во овој дел верувам дека ќе биде од големо значење. Правилната исхрана на децата во градинките, создавањето на здрави навики уште од најмала возраст е од исклучително значење за понатамошниот здрав и правилен раст и развој кај децата“, рече министерката Шахпаска.

Покрај ревидирање на правилникот за нормативи и стандарди за исхрана во градинките, предвидена е и едукација на децата, родителите и вработените во градинките со цел обезбедување на поголема грижа и превенција на здравјето додека престојуваат во градинките, но и во секојдневнoто живеење.

Би можело да ве интересира

Левица: Министерот Лимани ги остави градинките во Струга без кадар

Горан Наумовски

Во Скопје речиси 50 отсто од децата се невакцинирани со ди-те-пер

A1on

Здравствениот инспекторат ќе ги контролира вакциналните потврди за градинка, министерот ги прифати препораките

Катерина Ѓуровски

Инспекторатот ќе забрани невакцинирани деца во градинките кога ќе добие одлука од министерот

A1on

Училиштата и градинките ќе плаќаат за 35 отсто поевтино парно, Регулаторот ги намали сметките

A1on

Во градинките лани биле згрижени 35 932 деца

Ана Ололовска