Ќе се гради Офицерскиот дом и хотел на Плоштад Македонија

Од:

Се отстранува досегашното паркиралиште на Ј.П. „Градски паркинг“ и велосипедскиот пункт, кои се наоѓаат веднаш до Плоштадот Македонија во строгиот центар на Скопје каде што треба да се гради Офицерски дом и хотел, а истовремено се оградува атрактивната парцела со површина од 6.308 метри квадратни, пишува Build.mk.

Грчкиот милијардер Деметрис Кондоминас го купи земјиштето од државата во март 2011 година по цена од 38,48 милиони денари (околу 625 илјади евра). По купувањето на локацијата, инвеститорот вети дека ќе вложи помеѓу 30 и 50 милиони евра во двата објекти со планирана површина од 52.643 метри квадратни. Во ДУП Мал Ринг се зацртани маркички за двете зданија со приземје, 7 ката и поткровје и максимална висина од 29 метри.

Неокласицизмот е архитектонскиот стил на хотелот, што однапред го избра Министерството за транспорт и врски. Тој ќе мора да има барем четири ѕвездички и да биде управуван или под франшиза на ланец од најмалку 250 хотели во светот.

Грчкиот инвеститор ќе треба дел од Офицерскиот дом без надоместок да го отстапи во функција градската власт, кој ќе се употребува како резиденција на скопскиот градоначалник и во него ќе се смести и матичната служба.

Би можело да ве интересира

Петмина ќе одговараат за перење пари за спомениците за Скопје 2014

Орце Костов

СДСМ: Мицкоски е опкружен со криминалци и води криминална партија, да поднесе оставка

СДСМ: Феникс го потврди ултра криминалот на ДПМНЕ во Скопје 2014

Предраг Петровиќ

Костовски: Мицкоски да поднесе оставка за докажаниот криминал во Скопје 2014 на ДПМНЕ

СДСМ: Со години ДПМНЕ переле пари преку Скопје 2014 врз грбот на народот

Куќен притвор за Владимир Тодоровиќ

Катерина Ѓуровски