Нов спортски центар со капацитет за 5.000 гледачи, на местото на салата „Јане Сандански“, ќе се гради во Општина Аеродром.
„Со изградбата на спортскиот центар нашите спортисти ќе добијат достојни услови за вежбање, а Општина Аеродром и градот ќе имаат уште еден репрезентативен спортски објект, кој ќе нуди достојни услови за домашни и меѓународни натпревари“ изјави градоначалникот, Ивица Коневски.
Салата ќе се гради на површина од 11.000 квадрати, а ќе биде висока 21 метар. Спортскиот центар „Јане Сандански“ ќе добие и паркинг простор со капацитет за 500 возила. Освен спортска сала, дел од проектот е и изградба на хотел со ресторан кој ќе биде поврзан со салата, но и разни други локали, спа центар,продавници, сала за состаноци, амбуланта за спортисти билетарница, гардероби.