Нема да има референдуми за мигрантите на денот на Локалните избори

Од:

Државниот инспекторат за локална самоуправа донесе решение да ги запре одлуките за организирање локални референдуми во општините за мигрантите на денот на Локалните избори, 15 октомври, и да поведе постапка пред Уставниот суд за оценување на уставноста и законитоста на донесените одлуки.

Како што информира државниот инспектор за локална самоуправа Рахим Муслиу, решение досега е донесено за 12 општини кои доставиле до Инспекторатот извештај од јавното општинско гласило во кое е објавена одлуката за спроведување референдум, а се очекува да бидат доставени уште две.

– На 20 септември, Инспекторатот изврши вонреден инспекциски надзор во општините Кочани и Штип, а на 21 септември во Гевгелија, Кавадарци, Неготино и Велес. Уште шест општини донеле одлука за референдум на локално ниво и го известиле Инспекторатот за објавување. Тоа се Битола, Прилеп, Радовиш, Аеродром, Гази Баба и Охрид, а се очекува вакви известувања да достават и општините Карпош и Ѓорче Петров, рече Муслиу.

Одлуката ќе биде доставена до Министерството за локална самоуправа, државниот секретар за локална самоуправа и до градоначалниците и советите на засегнатите општини, а градоначалниците ќе имаат обврска да ги известат и општинските изборни комисии за да ги прекинат понатамошните активности.

Одлуката, како што истакна Рахим, ќе биде објавена во Службен весник, а во наредните три дена и на веб страницата на Министерството за локална самоуправа во делот на Државниот инспекторат за локална самоуправа.

Причина за нејзиното донесување, како што кажа, е член 22 од Законот за локална самоуправа, според кој никаде не е наведено дека општините имаат надлежност за мигрантите и за нивното населување во локалната самоуправа

Би можело да ве интересира

Полициските службеници им го „расчистуваа“ патот на шверцерите на луѓе

Швајцарците го отфрлија предлогот за ограничување на бројот на жители на 10 милиони

A1on

СДСМ: Престанете да бегате од граѓаните, распишете референдум, граѓаните нека одлучат

Горан Наумовски

СДСМ: Нема пари за референдум, но има за тендери и луксуз

Администрацијата на Трамп депортира речиси 13.000 мигранти во Мексико

ВИДЕО: Филипче бара референдум за ЕУ: Граѓаните да одлучат дали сакаат да ја платат цената заради Мицкоски