Кирацовски: Регистарот на вработени требаше да биде готов до денеска

Од:

Министерството за информатичко општество и администрација  имаше законска обврска целосно да го стави во функција официјалниот регистар за вработени во јавниот сектор, за кој се обврза уште на почетокот на оваа година, реагира дополнителниот заменик-министер Александар Кирацовски по денешната прес-конференција на ресорната министерка Марта Арсовска Томовска.

Законски, како што наведува Кирацовски во соопштението до медиумите, институциите требаше да ги внесат своите вработени во регистарот до денеска, како последен работен ден пред законскиот рок 13.02.2016 година.

– Министерството направи низа неправилности и нерегуларности, меѓу кои непочитување на рокови, спроведување несоодветен модел на прибирање на податоците од институциите, што ми дава за право целосно да се сомневам во овој број на вработените во јавниот сектор, објавен од министерката, стои во реакцијата.

Кирацовски најавува дека идната недела детално ќе ја запозне јавноста со, како што наведува, факти околу регистарот.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Клековски се прави како да не е од тука, Ива Михаилова избега зашто Тошковски ја пушти, Муцински договори, а Мицкоски одобри

Горан Наумовски

СДСМ: Народот гледа што договори Муцунски во Софија

СДСМ: Панче Тошковски ја пушти Михаилова, сè се работи под маса откако ВМРО-ОК е на власт

Предраг Петровиќ

Серафимовска-Борозан: Мицкоски ветува просечна плата од 1.000 евра, но не прифаќа минимална од 600 евра

СДСМ: Граѓаните се соочуваат со економски проблеми, а власта се повикува на анкети

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска

А1он