ВИДЕО: Кирацовски ќе го чека извештајот од Антикорупциска дали има непотизам

Од:

Генералниот секретар на СДСМ и пратеник, Александар Кирацовски не одговори конкретно на прашањето дали ќе ги повлече од работните места неговата сестра и мајката на неговата сопруга, како што тоа го направи со неговиот дедо.

Тој и понатаму е на ставот дека повлекувањето било морален чин и дека не бил прекршен закон при вработувањето. Упати апел до медиумите да бидат внимателни со овие процеси.

„Ние сме на ставот дека неможе некој да биде привилегиран, некој дискриминиран.Ве молам да бидеме внимателни.Граѓаните имаат право на пристап до работа. Комисијата за проверка дали има некаков пропуст при вработувањето, е иницирана од наша страна. И Антикорупциската комисија ќе ги разгледа случаите, доколку се утврди дека вработувањето на кој било не било по процедура, тогаш ќе го напушти работното место“, рече Кирацовски.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

Левица: Собранието ја избра послушничката на Цвета Ристовска на нејзино место во Антикорупциска

А1он

Катерина Зајковска e избрана за нов член на ДКСК

А1он

ДКСК отвори предмет за наодите содржани во ревизорскиот извештај на ДЗС кои се однесуваат на ИЈЗ

Левица: Скандалозен избор на Зајковска за член на Антикорупциска – режимот на власт врши ротација на партиски послушници

А1он

ДКСК постапува во неколку случаи за кои има сомнеж за злоупотреби и корупција

А1он

Левица: ДКСК извршила директна дискриминација врз пратеникот Апасиев