ВИДЕО: Кичот го „голта“ Скопје

Од:

Македонската архитектура се движи во погрешен правец, а за сета неправда што му се направи на градот, еден ден некој ќе одговара, вели професорот на архитектонскиот факултет Георги Константиновски.

Според Константиновски злодело е да се фрлаат милонски суми за изградба на мостови во некои застарени стилови, кога постојат многу поедноставни начини начини да се реши проблемот со старите мостови.

Најголема штета е направена со барокните згради кои ги изградија покрај реката Вардар. Не се испочитува планот кој го работеа светските познати стручни лица веднаш после земјотресот, според нив тука не беше предвидено да се градат објекти, забележува професорот Константиновски.

Професорот Константиновски, апелира до градските власти да го преиспитаат деталниот урбанистичкиот план затоа што Скопје ќе колабрира, градот е блокиран од сите страни со ахритектонски зданија.

Професорот од архитектонскиот факултет вели дека светската историја ќе го запамети Скопје како „Мека на глупоста“, од град на модерна архитектура, градските власти создадоа карикатура во која нема место ниту за уметноста ниту за естетиката.

Не ги обвинува архитектите кои проектираат, оти тоа го прват по нарачка на градските власти. Тој не се плаши да говори јавно бидејќи како што вели зборува со јазикот на архитектурата и се брани од политиката која длабоко е навлезена во архитектурата.

Јасмина Спасовска

 

Би можело да ве интересира

Петмина ќе одговараат за перење пари за спомениците за Скопје 2014

Орце Костов

СДСМ: Мицкоски е опкружен со криминалци и води криминална партија, да поднесе оставка

СДСМ: Феникс го потврди ултра криминалот на ДПМНЕ во Скопје 2014

Предраг Петровиќ

Костовски: Мицкоски да поднесе оставка за докажаниот криминал во Скопје 2014 на ДПМНЕ

СДСМ: Со години ДПМНЕ переле пари преку Скопје 2014 врз грбот на народот

Куќен притвор за Владимир Тодоровиќ

Катерина Ѓуровски