Кичевски: Со ВМРО-ДПМНЕ Скопје е пред банкротот и целосен колапс, потребна е седница на Советот

Од:

Хаосот во Град Скопје од ден на ден е се поголем, а виновници за таквата состојба се градоначалничката Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ, партијата што има мнозинство во Советот и во управните одбори на градските јавни претпријатија. Поради нивната неспособност, Град Скопје е со блокирана сметка и се наоѓа пред банкрот рече на прес конференција претседателот на градскта одрганизација на Скопје од СДСМ Васко кичевски.

– И додека ВМРО-ДПМНЕ го игнорира овој проблем и не закажува вонредна седница на Советот, банкротот што доаѓа ќе значи и целосен распад на градот. Многу извесно е дека во текот на летото ќе видиме како дел од јавните претпријатија доцнат со исплата на платите, а дел од нив воопшто нема да можат да исплатат плати на своите вработени. За потсетување, градот Скопје и институциите во негова надлежност веќе доцнат со исплати кон добавувачите, но се очекува ситуацијата целосно да излезе од контрола и да следуваат низа тужби сѐ со цел да си ги наплатат средствата што јавните претпријатија ги должат вели Кичевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

ЦГК: По две поништени постапки, „Икарус“ и „Зонгтонг“ од конкуренти станаа партнери за набавката на електрични автобуси

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус