Кичевски: Доста беше изживување врз граѓаните, Мицкоски да ги запре блокадите на Скопје

Од:

Хаосот во Скопје и блокада што му се случува на градот е во политичка и логистичка режија на Христијан Мицкоски. Од едната страна на блокадата е партнерот на Мицкоски – Ленин а од другата неговата градоначалничка Арсовска. Заради бизнис интереси и кавги за тендери со денови трае изживување врз скопјани. Градот е заглавен како 11 години Македонија што беше заглавена рече на прес конференција претседателот на градска огранизација на СДСМ – Скопје Васко кичевски.

– Пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ја славеа победата на Арсовска. Со трубачи, зурли и тапани. Сега цената за нивните кавги за провизии и тендери ја плаќаат скопјани. Бараме Мицкоски да ја прекине блокадата на Скопје. Да им даде партиска наредба на неговите кадри во јавните претпријатија во Скопје, во управните одбори, да седнат и да најдат решение на проблемот. Членовите на Управниот одбор на ЈСП се од ВМРО-ДПМНЕ. Мнозинството во Советот на Скопје е од ВМРО-ДПМНЕ. Претседавачот со Советот е исто така од ВМРО-ДПМНЕ. Ленин Јовановски е докажан поддржувач на политиките на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски, близок и до Мицкоски. Доста беше ова изживување врз граѓаните, Мицкоски да ги запре блокадите на Скопје рече Кичевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски како некој уличар, ја злоупотребува функцијата претседател на Владата за однапред да и се заканува на опозицијата

ВИДЕО: Мицкоски „има чувство“ дека поранешни премиери, функционери на СДСМ и нивни блиски ќе бидат опфатени со прогони

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Ако Груевски се појави во земјава, ќе оди во затвор

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Очекуваме дизелот да поевтини за 2,5 , а бензините за 1,5 денари