СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Од:

Антикорупцискиот тим на СДСМ обвини дека фирмата „Маратон Гроуп“ и со неа поврзана компанија добиле договори вредни над два милиони евра од државни институции по доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт.

На прес-конференција, членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, рече дека „Маратон Гроуп“ во изминатите две години склучила договори во вредност од над 1,5 милиони евра со Државна лотарија и Државна видеолотарија за надворешно и внатрешно рекламирање на автобусите на ЈСП Скопје.

„Додека јавните претпријатија во Скопје тонат во долгови, не можат да исплатат плати, а јавниот превоз е во катастрофална состојба, цветаат бизнисите на ‘Маратон Гроуп’, фирма блиска до власта“, изјави Фрчкоски.

Тој посочи дека компанијата, која според него има 11 вработени, во 2025 година остварила нето-добивка од над 700.000 евра.

Фрчкоски тврдеше дека Антикорупцискиот тим открил и поврзаност со компанијата „С.И.А. МЕДИА ДООЕЛ Скопје“, чиј сопственик, според СДСМ, е поранешен деловен партнер на сопственикот на „Маратон Гроуп“.

Според СДСМ, оваа компанија по доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт склучила договори во вредност од 458.875 евра.

Од партијата понатаму го поврзаа случајот со генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, тврдејќи дека како директор на ЈСП Скопје во 2017 година потпишал десетгодишен договор со „Маратон Гроуп“ и го укинал маркетинг-секторот во претпријатието, со што, според нив, продажбата на рекламниот простор била префрлена на приватната компанија.

СДСМ оцени дека станува збор за „класичен пример“ на извлекување јавни средства во корист на фирми блиски до власта и побара институциите да постапат по, како што велат, наводите.

Од партијата додадоа дека нивниот Антикорупциски тим досега открил, како што тврдат, скандали тешки околу 150 милиони евра, но дека надлежните институции не презеле мерки.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска

А1он

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) СДСМ: Директорка на училиште и нејзин помошник се коцкале во казино за време на екскурзија во Монте Карло

(ВИДЕО) Цветаноска: Ребаланс затоа што нема пари за плати и пензии

А1он

Жерновски: Фон дер Лајен му ја зеде лагата на Мицкоски за идентитетот – сега намерно разгорува тензии пред средбата во Бугарија

(ВИДЕО) Филипче: Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски за македонскиот идентитет

А1он