Кичево: ТВ Ускана продолжува како регионална телевизија во зоната Д5

Од:

По 1. јуни, со примената на одредбите за задолжително емитување  дигитален сигнал, локалната телевизија од Кичево Ускана сега има дигитален сигнал и продолжува да зрачи во целиот регион на зоната Д5, односно во Кичево, Маврово, Прилеп, Долнени, Крушево, Битола и Преспа.

Сопственикот на ова телевизија, Мунир Мехдиу, тврди дека има стратегија за емитување програма за која се надева дека ќе биде добро примена од граѓаните во овој регион.

licenca-tvkicevo

„Законот за дигитализација дојде многу брзо и нас, локалните медиуми, нè фати неподготвени, но јас одлучив да продолжиме со работата, зашто не сакав да ни биде џабе сета работа што ја направивме овие дваесет години. Сега Тв Ускана опфаќа поширока територија во Македонија.

Единственото негативно нешто е големата сума што треба да ја платат локалните медиуми. Но, многу позитивен е фактот дека конечно ќе им излеземе во пресрет на оние Албанци што живеат во другите градови, а досега немале албанска локална телевизија. По некое време планираме да се мобилизираме повеќе, да ја шириме екипата и работата, да им се посветиме и на тие жители за да им бидеме на услуга на сите“ – рече сопственикот Мехдиу.

licenca-tvkicevo1

Мехдиу исто така дополни дека во блиска иднина планираат да отворат канцеларии во градовите што ги покриваат и да соработуваат со новинари од тие градови, а материјалите, освен двојазични, да бидат и на турски, бошњачки итн.

Двете локални албански локални телевизии во Кичево, Тв Гура и Тв Ускана, која сега веќе е регионална телевизија, постојат од 1993 година.

Fatlume Dervishi

Би можело да ве интересира

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

Орце Костов

Три лица загинаа во сообраќајна несреќа во Кичево

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

Орце Костов

Момче со автомобил удри во полицаец, повредениот заврши во болница