Јове Кекеновски, член на ВМРО-ДПМНЕ и човекот кој се натпреваруваше со Ѓорге Иванов за претседателската номинација во партијата, на својот ФБ профил го критикува 5-дневниот молк на Иванов за протестите.
Еве што напиша Кекеновски:
Поминаа пет дена од петочните насилни протести во Скопје, во меѓувреме ни се случија и протести во Тетово, Струга и Кичево, а од претседателот Иванов ниту збор…
Дали тој мисли дека стабилноста и мирот во државата, безбедноста и сигурноста на граѓаните на Р.Македонија не се во негова надлежност?
Треба ли да се одмолчат вакви настани кои лесно можат да го нарушат и онака кревкото единство? Треба ли да се одмолчи кризата на меѓуетничка недоверба и нетрпеливост која лесно може да излезе од контрола?
Во моментов во државата има поприоритетни обврски и задачи отколку присуство на манифестација по повод одбележување на 1000 – годишнината од основањето на манастирот Свети Јован Претеча, од смртта на Цар Самоил и од постоење на селото Слепче.
Е наш претседателе….
„Да се изгради државата(а јас би додал и да се сочува), можеби е позначајно отколку со неа да се владее“ – Шарл Де Гол.