Казни од по 2000 евра за шестмина скопјани кои во стан славеле Стара нова година

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје денеска поднесе Предлог за издавање казнен налог против шест лица за кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Обвинетите, соопштија денеска од Јавно обвинителство на Република Северна Македонија, го сториле делото на 13 јануари, кога наспроти донесените мерки и прописи за спречување на ширењето на коронавирусот, се собрале во стан на улица „Иван Козаров“ за да прослават Стара Нова година – Василица.

– Иако со мерките и прописите во периодот од 18.12.2020 до 21.01.2021 година беа забранети секој вид масовни прослави на отворен и затворен простор, како и семејни собири со повеќе од 4 лица, обвинетите биле затекнати од полициски службеници при извршена проверка и контрола, се наведува во соопштението.

За нив јавниот обвинител му предложил на судот да определи парични казни од 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 20 евра.

Би можело да ве интересира

Го чекале со пишитоли поради сообраќаен инцидент, двајца браќа осомничени за обид за убиство

Три лица пронајдени починати во Скопје, наредени обдукции

Кривична пријава за дебранец кој возел без возачка, во алкохолизирана состојба и ги нападнал полицајците

Кривина пријава за жител на Пласница кој го отшетил возот „Ќиро“

Професор истепал ученичка во средо училиште во Кичево

Го тепал, го принудувал орално да го задоволува и да користи дрога – кумановец киднапирал сограѓанин