Казна за битолчанка која не го почитувала полицискиот час: Била затекната како лежи во алкохолизирана состојба

Од:

Oсновното јавно обвинителство Битола поднесе предлози за издавање казнени налози против две лица заради кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Како што соопштува ОЈО Битола, обвинетите не постапиле според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за сузбивање или спречување на заразна болест предизвикана од коронавирусот COVID-19, односно не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија донесена од Владата.

Првиот обвинет 18-годишен жител на Битола, на 26 март, во 01:25 часот со патничко моторно возило Рено 19 без регистарски таблици се движел по улицата „8-ми Септември“.

Втората обвинета, на возраст од 33 години, на 26 март во 00:30 часот била затекната како лежи во алкохолизирана состојба на улица „Прилепска“.

За секој од двајцата обвинети Основното јавно обвинителство Битола му предложи на Основниот суд Битола да изрече парична казна од 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.

Би можело да ве интересира

Претреси во Битола, приведени двајца дилери, пронајдена дрога

А1он

Маж од Битола ја следел и ја вознемирувал сопругата со која се во бракоразводна постапка

ЦУК: Во близина на Битола се преврте цистерна со плин

Орце Костов

Пијан насилник нападнал полицаец во Битола

Притвор за осомничен кој во повеќе наврати силувал 14-годишна девојка во Битола

Орце Костов

Чистачката во бугарскиот конзулат во Битола интервјуирала кандидати за пасош, одбила многу барања

Орце Костов