Кавадарци објави конкурс за наградата „7-ми Септември“

Од:

По повод денот на ослободувањето на градот Кавадарци, кавадаречката локална самоуправа објави конкурс за доделување на општинската награда „7-ми Септември“.

Како што појаснуваат од Службата за информирање на јавноста при општината, наградата се доделува на физички и правни лица како знак за придонес за градот Кавадарци, за остварувања во стопанството, науката, публицистиката, уметноста, културата, воспитанието и образованието, здравствената заштита, социјалната заштита, спортот и физичката култура, техничката култура, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и други сегменти на животот, трудот и творештвото.

– Се мисли на посебен придонес за развојот на градот и за неговиот севкупен напредок и афирмација во Република Македонија и во светот, соопштуваат од Службата за информирање.

Кога станува збор за ученици и студенти, наградата се доделува за творечки труд или континуирани успешни постигнувања во наставните и вон наставните активности.

Наградата се доделува за остварувања во изминатиот период од една година, како и за подолг изминат период кој претставува заокружена творечка или континуирана работна целина.

Наградата за физички и правни лица се состои од диплома и плакета.

Би можело да ве интересира

Пожарот кај Раец е изгаснат, екипите на ТППЕ Кавадарци остануваат на терен поради превенција

Поради пожар, селото Дреново e без вода

Пожарот кај кавадаречкото село Раец сѐ уште е активен

Пожарот кај Кавадарци се уште е активен, гаснењето продолжува и во текот на ноќта

Пламнаа два нови пожари во Општина Кавадарци

Горан Наумовски

Реактивиран e пожарот во кавадаречко, два „ер трактори“ ангажирани во неговото гаснење