Кавадарци ќе изготви студија за откривање на загадувачите

Од:

Советниците на Советот на општина Кавадарци денеска изгласаа одлука за изработка на студија за утврдување на загадувачите во градот. Всушност, одлуката е во форма на амандман во рамките на буџетот за следната година, што го предложи советникот Никола Трендафилов, а го прифатија сите советници.

Оваа одлука беше донесена бидејќи градот е на врвот по загадување во државата, а според концентрациите на штетни честитки, кавадарчани не би требало да излегуваат надвор.

Трендафилов нагласи дека двеста дена годишно концентрациите на ПМ 10 честичките се над дозволеното, ако се имаат во предвид дозволените концентрации според Министерството за животна средина.

Би можело да ве интересира

Левица: Лозарот остана статист во сопствениот Гроздобер – милиони за странски изведувачи, неизвесност за македонските лозари

Јанчев: Да се истражи кој стои зад пожарот во депонијата „Мелци“

Пожарот кај Раец е изгаснат, екипите на ТППЕ Кавадарци остануваат на терен поради превенција

Поради пожар, селото Дреново e без вода

Пожарот кај кавадаречкото село Раец сѐ уште е активен

Пожарот кај Кавадарци се уште е активен, гаснењето продолжува и во текот на ноќта