Кавадарци го промовираше проектот „Мој општинар”

Од:

Општина Кавадарци денеска го промовираше проектот „Мој општинар”, за кој градоначалникот Митко Јанчев рече дека ќе биде во интерес на кавадарчани, оти побрзо ќе се решаваат евентуалните проблеми.

– Десетте општинари од кои еден за порурални средини, почнуваат со работа од утре. Станува збор за веќе постоечки вработени во локалната самоуправа, појасни Јанчев.

Кавадарчани ќе бидат запознати кој е општинарот за нивниот реон и кај него ќе се обраќаат за проблемите, ќе имаат телефонски и електронски контакт од него.

– Општинарите ќе ги сумираат проблемите во нивната работна просторија и електронски ќе ги испраќаат до раководителите на сектори од администрацијата. Раководителите ќе треба да реагираат најдоцна за 24 часа, рече Јанчев.

Секој четврток и понатаму останува отворен ден за прием на странки во градоначалничкиот кабинет.

Би можело да ве интересира

Пожарот кај Раец е изгаснат, екипите на ТППЕ Кавадарци остануваат на терен поради превенција

Поради пожар, селото Дреново e без вода

Пожарот кај кавадаречкото село Раец сѐ уште е активен

Пожарот кај Кавадарци се уште е активен, гаснењето продолжува и во текот на ноќта

Пламнаа два нови пожари во Општина Кавадарци

Горан Наумовски

Реактивиран e пожарот во кавадаречко, два „ер трактори“ ангажирани во неговото гаснење