Кавадарци ги почна активностите за „Тиквешки гроздобер”

Од:

Општина Кавадарци ги почна активностите околу претстојната традиционална стопанско-културна и туристичка манифестација „Тиквешки гроздобер”. Целта е, како што велат од Кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев, што повеќе кавадарчани да бидат вклучени во организацијата и поголем број да учествуваат на карневалот.

Општината со јавен оглас ги повика да бидат дел од манифестацијата.

– Би било добро да се пријават сите кои имаат интересни и оригинални идеи и предлози за збогатување на програмата на „Тиквешки гроздобер“. Сакаме да го подигнеме квалитетот на овој настан кој со децении се организира во градот на грозјето и виното и е негов своевиден заштитен знак, нагласуваат од Кабинетот.

Би можело да ве интересира

Пожарот кај Раец е изгаснат, екипите на ТППЕ Кавадарци остануваат на терен поради превенција

Поради пожар, селото Дреново e без вода

Пожарот кај кавадаречкото село Раец сѐ уште е активен

Пожарот кај Кавадарци се уште е активен, гаснењето продолжува и во текот на ноќта

Пламнаа два нови пожари во Општина Кавадарци

Горан Наумовски

Реактивиран e пожарот во кавадаречко, два „ер трактори“ ангажирани во неговото гаснење