Кавадарци добива нов кружен тек

Од:

Кавадарци ќе добие нов кружен тек на крстосницата на улицата „Блажо Алексов“ со булеварот „Видое Смилевски“, кај мостот „Белка“.

Во наредните неколку денови на новоформираните коловозни ленти ќе бидат поставени два слоја нов асфалт.

– Се работи за побезбедно сообраќајно решение за овие фрекфентни улици по кои се одвива значаен дел од патниот сообраќај во градското подрачје, бидејќи станува збор за влез во градот од правец на Неготино, информираат од општинската служба за односи со јавноста.

Со ова ново сообраќајно решение, додаваат оттаму, се создаваат услови за оптимален проток на возила и пешаци и безбедност на сите учесници во Сообраќајот.

Би можело да ве интересира

Пожарот кај Раец е изгаснат, екипите на ТППЕ Кавадарци остануваат на терен поради превенција

Поради пожар, селото Дреново e без вода

Пожарот кај кавадаречкото село Раец сѐ уште е активен

Пожарот кај Кавадарци се уште е активен, гаснењето продолжува и во текот на ноќта

Пламнаа два нови пожари во Општина Кавадарци

Горан Наумовски

Реактивиран e пожарот во кавадаречко, два „ер трактори“ ангажирани во неговото гаснење