Кавадарчани сами празнат специјализирани контејнери за пластика

Од:

Кавадарчани сами празнат специјализирани контејнери за пластика за да заработат од отпадот. На ова денеска реагираа Јавното претпријатие „Комуналец” кое ги постави контејнерите и Регионалното еколошко друштво „Еко-живот”.

– Со оваа постапка поединци не само што ризикуваат да бидат повредени, туку и ја нагрдуваат околината. Општината и „Комуналец” неодамна ги поставија овие контејнери во соработка со „Пакомак” за поубав и почист град, за селектирање и рециклирање на отпадот, рекоа од „Комуналец”.

Оттаму уште еднаш апелираа до несовесните граѓани да не ги празнат сами специјализираните контејнери кои инаку се празнат со специјални возила. Истовремено повикаа сите вакви случаи да се пријават во претпријатието или полицијата.

И претседателот на „Еко-живот” Роберто Паризов изрази незадоволство од ваквата постапка на поединци. Осудувајќи ја, повика на поголема еколошка свест и грижа за животната средина.

Би можело да ве интересира

Пожарот кај Раец е изгаснат, екипите на ТППЕ Кавадарци остануваат на терен поради превенција

Поради пожар, селото Дреново e без вода

Пожарот кај кавадаречкото село Раец сѐ уште е активен

Пожарот кај Кавадарци се уште е активен, гаснењето продолжува и во текот на ноќта

Пламнаа два нови пожари во Општина Кавадарци

Горан Наумовски

Реактивиран e пожарот во кавадаречко, два „ер трактори“ ангажирани во неговото гаснење