Катица Јанева пред да биде уапсена одела во СЈО, салони за убавина и по вечери

Од:

Во Кривичниот суд на судењето за случајот „Рекет“ беше презентиран извештајот за тоа каде се се движела ексшефицата на СЈО Катица Јанева до денот на нејзиното апсење. ПИ-мерките кои биле спроведувани од 13 август 2019 година покажуваат дека таа наутро одела во СЈО, застанувала во салони за убавина, пазарувала во пилјари, одела и до адвокатски канцеларии и се гледала со својот син, Лазар Јанев.

На 17 август Јанева со возило „Шкода” и непознато женско лице биле во фризерски салон, а подоцна, како совозач, Јанева во „Ауди А6” отишла кон населбата Ѓорче Петров со синот Лазар Јанев. Тие седнале пред зграда, а потоа со истото возило отишле на ул. „Јурин Гагарин“ каде повторно застанале и разговарале. Наредниот ден, таа повторно со синот влегле во зграда на која имало натпис „Адвокатска канцеларија Поленак”.

На 19 август 2019 година Јанева повторно била со синот, овојпат во ресторанот „Ден и ноќ”. Од снимките се гледа како таа седи со две лица, машко и женско.

Таа била следена и наредниот ден, кога дошла да даде исказ во Обвинителството. Истиот ден била во ресторанот „Казабланка” со уште едно непознато женско лице. Од таму, Јанева била превезена до дома. На 21 август лани Јанева била забележана пред куќата во Козле, како контактира со нејзниот возач.

Ова е денот кога таа била уапсена.

Бранителот на Катица Јанева Дељо Кадиев, рече дека изнесените материјали од ПИ мерките на на денешното рочиште воопшто и не требало да бидат изведени, бидејќи, предметот на обвинение е од ноември 2018 година до април 2019 година, додека ПИ мерките се во јуни и август 2019 година.

Би можело да ве интересира

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Пендаровски одби да ја помилува Катица Јанева

Орце Костов

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

Приведени две лица за изнуда, поднесена кривична пријава