Катица Јанева оди во домашен притвор

Од:

Ексшефицата на Специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, оди во домашен притвор, откако Апелацискиот суд го прифатил нејзиното барање и одлучил затворскиот притвор да биде заменет со домашен. Таа домашниот притвор ќе го отслужува во станот на нејзиниот син, Лазар.

Јанева во истражниот затвор во Шутка беше од 21 август годинава кога беше уапсена како второосомничена за случајот „Рекет“.

Таа неколку пати беше хоспитализирана во болницата „Жан Митрев“ поради проблеми со висок крвен притисок и анксиозност, по што ѝ беше препишувана соодветна терапија и беше враќана во истражниот затвор.

Апелацискиот суд ја донел ваквата одлука ценејќи ја здравствената состојба на ексшефицата на СЈО, како и околностите дека за неа е веќе поднесено обвинение. На Јанева ѝ е одземен пасошот, а државата нема да смее да ја напушти ниту со лична карта.

Адвокатката на Јанева, Ирена Фрчкоска, за „А1он“ изјави дека се уште не го примила решението на Апелацискиот суд, но очекува таа попладневно да излезе од истражниот затвор во Шутка.

Првото рочиште за „Рекет“ е закажано за 3 декември.

Би можело да ве интересира

Пандов: Јанева има право пак да побара да работи надвор од затворот, нека побара

Катица Јанева го загуби правото да работи надвор од затворот „Идризово“

Катерина Ѓуровски

Љупчо Палевски влезе во затворот во Шутка

Анита Петровска Рајковиќ

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески