Катар ни донираше осум тони заштитна опрема за борбата со Ковид-19

Од:

На Скопскиот аеродром Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во улога на Национален координатор на странска помош во земјава, во присуство на Хамад Ал – Махмоод, вршител на должност Амбасадор на Државата Катар во земјава, ја пречекаа донацијата – помош за справување со КОВИД 19 од Катар.

Вицепремиерот Османи во името на Владата и од името на граѓаните, упати благодарност до вршителот на должност Амбасадор на Државата Катар во земјава, Хамад Ал- Махмоод, но и до народот на Катар за донираната помош за нашата земја.

“Се работи за голема количина, преку осум тони заштитна опрема која се состои од: близу петстотини илјади хируршки маски, околу 90 илјади трослојни медицински и хируршки маски, над 70 илјади заштитни маски N95;. Покрај маските, пакетот содржи и десетици илјади заштитни очила, заштитни шлемови, заштитни скафандери, заштитни ракавици”- истакна Османи при што нагласи дека се работи за опрема која ни е потребна, која сериозно ќе ги зацврсти нашите капацитети особено во здравството и здравствениот систем, кои секако ја претставуваат првата линија на одбрана од коронавирусот.

“Обезбедувајќи ги овие донации од нашите меѓународни пријатели, обезбедуваме и сериозни заштеди во буџетот, што во време на соочување со економските предизвици од пандемијата е исто така многу важно”- додаде Османи.

На примопредавањето на донацијата в.д. Амбасадотот на Државата Катар, Хамад Ал Махмоод нагласи дека денешната хуманитарна помош е донесена преку Катарскиот фонд за развој и во насока на поддршка на Владата на Република Северна Македонија во борбата против пандемијата COVID-19, притоа потенцирајќи дека нашата земја секогаш може да смета на помош и поддршка од државата Катар и изрази надеж дека оваа глобална пандемија наскоро ќе заврши.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Одмазда на Иран, напади на Катар, Саудиска Арабија и Емирати

ВИДЕО: Нови ирански напади на заливските држави

Катар е нова цел на масовен ирански напад со дронови

Масовен напад од ирански беспилотни летала врз американската база во Кувајт

Нов напад врз Катар, воздушната одбрана ги пресретна ракетите

Горан Наумовски

Нападната е воздухопловната база „Ал Удеид“ во Катар

Горан Наумовски