Касами го чека движењето на Меџити за да формираат опозициски блок, можна е и заедничка листа

Од:

Претседателот на Движењето „Беса“, Биљал Касами најави дека ќе соработува во поширок опозициски блок и со Изет Меџити, кого го чека да формира партија. Според Касами, можно е опозиционерите да имаат заедничка листа.

– Имаме изјава за идна соработка со Алтернатива, имаме добри контакти со Изет Меџити. Се надеваме дека брзо ќе ја формализира партијата и ќе седнеме со неговото движење или партија, како ќе биде формализирана, да се договориме. Ние повикувам и другите незадоволни групации, дел од Владата и во опозиција да ни се приклучат, затоа што цениме дека и во албанскиот дел е дојдено време после 20 години, да кажам, монистичко владеење на ДУИ, да има промена на власта и да дојдат тие кои ќе работат во интерес на граѓаните. Да, би настапиле со заедничка листа и со заеднички пристап и учество во следната Влада, изјави Касами од Тетово, каде како градоначалник пушти во употреба реконструирана улица.

На новинарско прашање околу учество на опозицијата во Државната изборна комисија, Касами рече дека се во комуникација со сите опозициски партии, за да предложат нов член и во следниот период ќе имаат решение и за тоа.

Би можело да ве интересира

Касами: Од утре почнуваат преговори за влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Влен

Меџити: Влен е апсолутен победник во албанскиот кампус, вечерва почнува промената

„Ќе има влада не со 61 туку со над 70 пратеници“: Најави ли Меџити голема коалиција со ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ?

А1он

Меџити не кажа дали е можен министер за внатрешни работи: Ќе разговараме во наредните денови

А1он

Меџити: Сакаме да бидеме фактор во влада која ќе биде европски ориентирана

Александар Тодески

Меџити не кажува дали Уставните измени остануваат услов за формирање на влада: Сега сме фокусирани на победата