Касами: ДУИ има купено гласови, Влен ги доби гласовите на Албанците

Од:

Добитници на овие избори сме ние, коалицијата Влен. ДУИ има купено гласови од загрозените гласачи кои имаат потреби од пари. Влен ги доби гласовите на Албанците, вели претседателот на БЕСА и дел од коалицијата Влен, Билал Касами на прес конференција.

„ДУИ го загуби последниот легитимитет да зборува во име на Албанците, затоа на 8 мај ние ќе победиме. Овој резултат и во мандати не е голема разлика со ДУИ и на 8 мај овој резултат ќе биде во наша полза. ДУИ успеа да ја загуби последната можност еден кандидат Албанец да биде избран на директни избори во 2024 година. Тие ќе бидат запишани со црни букви во историјата на албанскиот народ во Македонија. Ако биле заинтересирани Албанец да оди во вториот круг сигурно ќе беа координирани со нас и ќе беше возможно да биде избран Албанец. Затоа мислиме дека вредеше оваа борба“, рече Касами.

Кандидатот на Влен за претседател, Арбен Таравари кажа дека коалицијата подоцна ќе разговара за тоа кому ќе ги даде гласовите во вториот круг на претседателските избори.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: ДУИ продолжува да молчи, со каков договор наредија бришење на дијаспората од пописот?

Горан Наумовски

Сејдиу: Пописот од 2021 година не беше неуспех, туку предавство

Алијанса за Албанците: Дури ни заробениот Уставен суд не можеше да го покрие срамот на ВМРО-ВРЕДИ

ВЛЕН: ДУИ се обиде да ја избрише албанската дијаспора, Уставниот суд ја поништи нивната манипулација

ВЛЕН: Две децении ДУИ не презеде никакви вистински мерки за да обезбеди достоинство за граѓаните

ВЛЕН: 20 милиони евра за изградба на подземен паркинг на плоштадот „Скендербег“, проект кој има за цел модерна урбанизација на албанскиот центар на главниот град