ВЛЕН: Правосудниот испит ќе се полага и на албански јазик

Од:

ВЛЕН докажува дека прашањата на Албанците не се решаваат со празни декларации ниту со политички импровизации, туку со конкретна институционална работа и со целосни и одржливи решенија. Само еден ден откако копретседателите на ВЛЕН, Билал Касами и Изет Меџити, најавија добри вести поврзани со прашањето за полагањето на правосудниот испит на албански јазик, денес тие веднаш се вклучија во работна средба со премиерот Христијан Мицкоски за унапредување на конкретното решение за овој долгогодишен проблем, велат од ВЛЕН.

– На средбата се разговараше за употребата на јазиците при полагањето на правосудниот испит, со јасен фокус решението да биде целосно, функционално и во согласност со Уставот и Законот за употреба на јазиците. За разлика од претходната власт, која повеќе од две децении го држеше ова прашање нерешено и го користеше само за политичка пропаганда, ВЛЕН постапува со одговорност и институционална сериозност за да ги гарантира правата на Албанците во пракса. ВЛЕН верува дека образованието, правдата и јазичната еднаквост се темел на модерна и праведна држава. Затоа, решенијата нема да бидат половични, туку целосни, применливи и долгорочни, во интерес на студентите и на сите граѓани, тврдат од ВЛЕН.

Би можело да ве интересира

ВРЕДИ: Пораката од Стразбур е јасна – Македонија припаѓа во ЕУ

Мицкоски: Во петок и во сабота средби со коалициските партнери од ВРЕДИ и ЗНАМ за најавената владина реконструкција

Горан Наумовски

ВЛЕН: Пропадна обидот автопатот Скопје – Блаце да служи за приватни интереси

ВЛЕН: Поддршката за бизнисите, мотор на економскиот раст и создавањето на нови работни места

ВЛЕН: Валдет Џафери да објасни зошто правосудниот испит остана блокиран

ВЛЕН: Блерим Беџети си замина, Аднан Јашари дојде, правосудниот испит остана заглавен

Горан Наумовски