ВЛЕН: Валдет Џафери да објасни зошто правосудниот испит остана блокиран

Од:

Серијата на ДУИ со министрите за правда не завршува со Блерим Беџети и Аднан Јашари. Беџети молчеше повеќе од 1.000 дена, Јашари го имаше печатот во рака, а сепак не мрдна со прст. Сега на ред е Валдет Џафери. Валдет Џафери не бил гостин во Министерството за правда. Бил министер, со мандат и можност да дејствува, но и за време на неговиот мандат правосудниот испит на албански јазик остана без решение, се вели во соопштението од ВЛЕН.

– Дури истиот се појави и на протестите на студентите. Но, против кого протестираше? Против самиот себе, против сопствениот мандат или против годините кога ДУИ го водеше Министерството за правда и не направи ништо?

Ова е истиот Валдет Џафери кој раководеше и со Бирото за судски вештачења, каде што се одолговлекуваше супервештачењето за трагичниот случај „Ласкарци“. Така функционираше ДУИ – сè што ќе допреа, го оставаа заглавено. Тоа е ДУИ. Кога се на власт, проблемите ги ставаат во фиока, а кога народот ќе ги испрати во опозиција со глас, излегуваат и држат лекции за права, еднаквост и правда. Студентите бараа решение, но решението не дојде ниту со Беџети, ниту со Јашари, ниту со Валдет Џафери. ВЛЕН го решава она што ДУИ го остави заглавено. Не само правосудниот испит, туку и сите професионални испити ќе можат да се полагаат и на албански јазик, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Кој обвинител му нудел спогодба на Груби?

ВЛЕН: За 14 изгубени животи не смее да одговара „кабелот“, Албанците доаѓаат по својата правда

Горан Наумовски

ВЛЕН: ДУИ ја има изгубено битката со Албанците, изборите ќе го запечатат нивниот крај!

Горан Наумовски

ДУИ го прозва ВЛЕН: Ако имате легитимитет, прифатете предвремени избори

ВЛЕН: Нови пресметки во ДУИ, Ахмети, Груби и Османи повторно во центарот на внатрепартиските судири

Горан Наумовски

ВЛЕН: Каква врска има Груби со најавите на Ахмети за повлекување

Катерина Ѓуровски