Касами: Беса ќе ја поддржи секоја одлука што ќе се донесе со кенсензус

Од:

Движењето Беса ја поддржува секоја одлука што ќе се донесе со консензус околу организација на парламентарните избори, рече претседателот на Движењето Беса, Билал Касами. Тој по средбата истакна дека на средбата кај претседателот на државата, Стево Пендаровски, главно доминирал ставот како да се организират изборите, а да не се доведе во опасност здравјето на граѓаните.

– Периодот зад нас беше тежок. Исто и периодот што претстои е деликатен. Затоа и на средбата, па и од овде апелираме до институците да ги олабават мерките околу движењето на граѓаните. Очекуваме од Владата на следната седница да донесе одлука за функционирање на неколку бизниси со цел граѓаните постепено се подготват од психолошки аспект за една понормална ситуација. Граѓаните исто така да ги почитуваат мерките за одржување физичка дистанца, рече Касами.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Меџити: Го поддржувам потегот на Касами, процесот за обединување на ВРЕДИ е веќе започнат

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?