Одрон од карпа и земја турна ѕид од куќа во Велес.
Како што соопшти МВР вчера во 14 часот М.К.(34) во СВР Велес пријавил дека на улицата „Коле Цветков“ дошло до рушење на карпа и земја од задниот дел од куќата, сопственост на неговиот татко Д.К.(60).
Карпата турнала ѕид од куќата и дел од гаражата. За настанот бил известен Центарот за упправување со кризи.