Караница за вработувања во Комунална хигиена: Мене не ми е јасно како размислува оваа госпоѓа

Од:

Советничката Бујаре Абази во Град Скопје од Алијанса за Албанците се скара со в.д. директорката на Комунална хигиена Косана Николиќ-Мазнева за вработувањата во претпријатието. Абази смета дека в.д. директорката отпуштила и ангажирала лица според нејзините симпатии, а не, според критериуми. Николиќ-Мазнева остана на ставот дека лицата кои останале без договори сами се виновни, бидејќи не оделе на работа. Советничката Абази смета дека 112 лица кои останале без договори се дискриминирани поради националност. Николиќ-Мазнева на ова врати дека е сѐ освен националист. Советот не даде согласност за Годишниот план 2023 година за вработување – не го помина филтерот на Советот на Град Скопје.

„112 семејства ги оставила надвор на улица. 112 семејства останаа без работа. Според кои критериуми ги оставивте? Навистина е срамно да речете тука дека има вишок вработени. Имавте вработени над 5 години, над 8 години. Има вработени кои не оделе на работа а сте им ги продолжиле договорите. За што е оваа одмазда? Според што сте се поврзале? Националност или според тоа дека жената што носи була да остане без работа? Ќе ви речам, вакво арогантно однесување не треба од ваша страна. Мене не ми е јасно како размислува оваа госпоѓа. Сте размислувале ли како кога сте отпуштиле маж и жена, кој ќе ги чува нивните деца? Јас не можам да разберам како барате нови вработувања, ако 112 вработени се оставени на улица“, кажа Бујаре Абази во Град Скопје од Алијанса за Албанците

В.Д. директорката на Комунална хигиена, Косана Николиќ-Мазнева, посочи дека вработени кои останале без ангажман си работеле приватни бизниси и не доаѓале на работа.

„Внимателно ја следев вашата дискусија и забелешки. Јас имам кажано за што станува збор, но ќе повторам, не ми е тешко. Јас кога дојдов во претпријатието имаше голема бројка на вработени. Месец дена се занимавам со оваа проблематика. Работите не одеа во вистински правец. Објаснете ми како за месец дена можат да се вратат 200 лица во претпријатието и истите да ја чинат фирмата 11 милиони денари и да не доаѓаат на работа? Јас ќе ви ги доставам списоците и листинзите да видите кого штитите. Во Комунално работат 1118 вработени. 150 се административци, 968 се оператива сосе помошно техничките лица. 207 се продолжени договори затоа што доаѓале на работа.. Има такви кои сме ги пуштиле иако не доаѓале на работа, пред да им истечат договорите.. имам над 200 опомени и замолници со директни укажувања да се приберат и да си ги зачуваат работните места во интерес на семејствата и претпријатието. Каде сте виделе, во која држава, да се тера приватен бизнис, да работат по четворица луѓе од семејство и да не доаѓаат на работа? Сигурно нема да дозволите ни вие. Не може тие што работат од 07 до 15 часот, да не ги спастриме и вработиме, а да ги пуштиме тие што не им се продолжени договорите“.

Абази ја обвини в.д. директорката за неодговорно однесување.

„Тука станува збор дали сте им овозможиле на луѓето да завршат работа и да примат плата. Не ми губете работа за некои незначајни работи. Можам да речам дека ги знам лицата кои не доаѓаат на работа, а не доаѓаат на работа. Вашето неодговорно однесување ќе се плати на друг начин. Тие вработени ќе го остават сметот во цел град“.

На ова возврати и Николиќ-Мазнева: „Јас сум се освен националист. Можам да се квалификувам како пацифист. Јас затекнав 80 отсто етнички Албанци во претпријатието. Од нив има прекрасни работници. Мене и душата и срцето ми се кинат кога треба да прекинам договор преку агенција за привремени вработувања. Претпријатието е такво што требаат дополнителни ангажирања. И тоа најмногу во оперативата“.

Предлог одлуката за давање на согласност за годишен план за вработување за 2023 година, доби само 12 гласа „за“ од советниците, ниту еден против и четири воздржани гласови.

Би можело да ве интересира

Град Скопје: Трајко Славески не прифати седница за донирање на месечните паушали за Леонид

Предраг Петровиќ

Дива депонија во Визбегово, Арсовска најави кривични пријави

Стојановски: Утре изутрина од 4:45 часот јавниот градски превоз ќе продолжи нормално да функционира

Предраг Петровиќ

Советот на Град Скопје ја донесе одлуката за давање субвенции на ЈСП Скопје за 2024 година

Град Скопје: Вработените во ЈСП Скопје без плата, а граѓаните на Скопје без превоз

Левица: Итна седница на Советот на Град Скопје, Трудот на работниците во „Флораком“ и „Луна“ мора да биде исплатен

А1он