Караџовски: Иритира изјавата на Јанева дека води истраги за судии од Управен суд

Од:

Претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски во изјава за медиумите кажа дека иритира изјавата на Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева дека СЈО води истраги за судии во Управниот суд, што, како што рече тој, е напад врз судството и е во функција на уривање на целото судство. Тој смета дека изјавите на Јанева во врска со судовите се неетички, нецивилизирани и некултурни.

– За време на едно интервју, Јанева кажа за некои судии дека можеби не се ни луѓе, а да не разговараме за нивниот морал. Тоа е недозволиво за еден обвинител, постои кодекс на судска етика и кодекс на јавнообвинителска етика, рече Караџовски.

Тој кажа дека секој мора да ги почитува законите и дека важи за сите обвинителства и судови во Македонија. Според него, доколку некој го прекршил законот за кривична постапка, треба да одговрара дисциплинси или кривично.

– Она што го добиваме како доверлив материјал не смееме да го даваме во јавност. И јас сум кривичен судија, па не ги давам работите пред вас. Катица Јанева беше прозвана и директно кажа дека притворот на Едмонд Темелко бил незаконит, но траел само час и половина, рече Караџовски.

Според него и поракј тоа што следуваат избори, огласот за избор на претседатели на судовите не може да се искористи во предизборна кампања бидејќи обврска на советот е да објави оглас.

– Доколку не се изберат нови претседатели на судовите до парламентарните избори, според Законот за судови, ќе бидат избрани в. д. претседатели додека не се создадат услови за избор на претседатели, вели Караџовски.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Бубевски вели дека Кадриу кажува измислици и клевети, бара извинување или ќе тужи

Камбовски за случајот со казнетата новинарка Вејсели: Постапка е сè уште во тек, Судскиот совет ќе интервенира ако процени дека е потребно

Судски совет разгледува предмети во кои постапувал апелацискиот судија Ѓоко Ристов

Има пропусти во пресудата за Ремзи Мифтари во случајот „Дурмо турс“, тврди Судскиот совет

А1он