По три часа распит во Специјалното јавно обвинителство, министерката за култура, Елизабета Канческа Милевска кажа дека била повикана како сведок.
-Морам да изразам голема благодарност до Специјалното јавно обвинителство што ме повика за да покажеме дека се е работено законски во Министерството за култура, рече Канческа.
Таа кажа дека не може да открива повеќе информации, а одговорите за кој предмет била повикана упати да се побараат од СЈО.