Канческа Милевска: Го разбирам обвинението, но не можам да си најдам вина

Од:

Ексминистерката за култура Елизабета Канческа Милевска рече дека не се чувствува виновна, заедно со уште двете други обвинети Јулијана Угриновска и Лидија Лазарова Цветковска.

„Го разбирам тоа што е напишано, но не можам никаде да најдам каде има злоупотреба во обвинението“, рече Канческа Милевска пред Судискиот совет. И второ и третообвинетата изјавија дека не се виновни. Обвинителот на СЈО, Стефчо Донев даде воведен збор, по што почна главната расправа за случајот „Тендери“.

Претходно судот им ги одби сите приговори на адвокатите на обвинетите. Со одлука на судот, вештачењето на Специјалното јавно обвинителство ќе биде доказ против обвинетите за случајот со изградбата на Музејот на ВМРО. Судијата Осман Шабани рече дека Советот за оценка веќе се произнел за обвинението во кое се содржани и околностите за вештачењата на СЈО. Петте бомби остануваат во судот, обвинетите нема да ги добијат, можеле во истрага да ги слушаат и можат во секое време да ги преслушуват во судот, рече судијата.
Поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа Милевска е првообвинета во случајот „Тендери“ на Специјалното јавно обвинителство. Таа е обвинета за злоупотреби со тендерот за извршување градежни работи во Музејот на ВМРО, од проектот „Скопје 2014“. Апелацискиот суд Скопје во ноември лани реши дека „бомбите“ може да се користат како доказ во судската постапка и во случајот „Тендери“.

В.М.

Би можело да ве интересира

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото

Застаре случајот „Тендери“ во кој беше обвинета Канческа-Милевска

Катерина Ѓуровски

Таткото на Вања бара да биде пуштен од притвор – Фетаи е против, Апелација одлучува

Отворена стечајна постапка за поранешно Фени: На работниците им должи 2,18 милиони евра за плати

Орце Костов

Нино Васев не смее да оди на работа во Онкологија – судот ги прифати мерките од обвинителство

Ѓорѓе Давид не ја напуштил Македонија: Утрово се јавил во кумановскиот суд поради мерката за претпазливост