Канадски денови во Скопје

Од:

Канадски денови денеска ќе се одржат во Скопје во организација на „Македонија 2025“ со поддршка на Канадската амбасада за Србија, Македонија и Црна Гора.

На настанот ќе се обрати амбасадорот на Канада за Србија, Македонија и Црна Гора Филип Пинингтон, а ќе присуствуваат и претставници од економскиот и образовниот сектор на Амбасадата, како и владини и универзитетски претставници и бизнисмени, кои ќе зборуваат на неколку панели на теми како регулаторни решенија за поттикнување на интеракцијата со странските пазари и македонско-канадската соработка во образованието и погледи кон иднината.

За време на вториот ден од Канадските денови, ќе бидат презентирани канадски образовни програми како и отворени повици за аплицирање за две програми на Македонија 2025, проектот Лидер и Студиска Тура во Торонто.

Би можело да ве интересира

Google го послуша Трамп: езерото Отарио го преименува во Америка

ВИДЕО: Воена состојба меѓу САД и Канада, царините на Трамп го налутија Карни

Катерина Ѓуровски

Трамп го одложи воведувањето на царина од 50 отсто за Канада

Иран има нова мета

Во Британска Колумбија е прогласена вонредна состојба, евакуирани се 22.000 луѓе

Даг Форд му одговара на Трамп: Апсолутно е неприфатливо, еден ден ние ќе ви требаме