Кампања „Дискриминацијата завршува со мене!“

Од:

Мрежата за заштита од дискриминација започна кампања за покренување на јавната свест за недискриминација под слоганот „Дискриминацијата завршува со мене!“, чија цел е да се охрабрат граѓаните да не молчат пред дискриминацијата, да ја спречат и да ја пријават.

Мрежата апелира до Парламентот во наредните две недели да го избере новиот состав на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, со цел да започне спроведување на Законот и да се овозможи заштита во случаите на повреда на еднаквоста на граѓаните.

– Воедно, ја потсетуваме Владата и пратениците од мнозинството дека унапредување на системот на превенција и заштита од дискриминација беше клучно предизборно ветување, кое сѐ уште не е остварено, соопштија од Мрежата за заштита од дискриминација.

Во наредниот месец, преку видео спотови, трибини во четири градови и флаери, граѓаните ќе може да се информираат за Законот за спречување и заштита од дискриминација, за групите на граѓани кои се најмногу погодени од нееднаквоста, каде сѐ е присутна дискриминацијата, каде се пријавува и што можат тие да преземат.

– Кампањата има за цел да испрати порака дека дискриминацијата има бројни негативни последици по индивидуите и по општеството како целина, како: сиромаштија, насилство, социјална изолација, повреда на достоинството, неможност за професионален напредок, ниско ниво на образование, намалена самодоверба, нарушување на физичкото и менталното здравје…, нагласуваат од Мрежата за заштита од дискриминација.

Видео кампањата се состои од три спотови коишто во наредниот период ќе се емитуваат на три национални телевизии и кои прикажуваат неколку групи на луѓе секојдневно соочени со предрасуди и дискриминација од страна на околината (Роми, ЛГБТИ и луѓе со попреченост).

Би можело да ве интересира

„Министерката ми се закани дека ќе ме избрка“: Советничка во МОН била вознемирувана од Шаќири и Царовска

A1on

Се вселила во стан во Скопје, соседите ја избркале по еден ден оти била Ромка

A1on

Ѓорѓи Трендафилов: Македонија е дискриминаторска земја не само во однос на етничкото потекло

A1on

Комисијата за заштита и спречување дискриминација можно уште денеска да ја разгледа наводната согласност на Владата кон „Бехтел и Енка“ за поголема работна недела

Ана Ололовска

Комисијата за заштита од дискриминација со препорака за Акциски план за унапредување на правата на осуденичките

Ана Ололовска

Татко спречен да го придружува своето дете: Детска клиника дискриминира, вујна и баба можат оти се женски пол

A1on